За Нас

За „Авантура“

Името АВАНТУРА преставува природен избор кој потполно соодветствува со целиот концепт кој внимателно беше создаван подолго време пред да се започне со практичната реализација на идејата.

Целта е на Скопје да му се понуди различно урбано средиште во кое пулсира првото family friendly café во Македонија и кое нуди здрав животен стил преку целосна забава за децата, како и релаксација за возрасните.

АВАНТУРА е асоцијација за нешто позитивно, ново и несекојдневно, нешто што предизвикува, инсипирира и ве поттикнува постојано да се навраќате.

Во оваа смисла, АВАНТУРА не е само простор со играчки и место во кое се служат кафиња и пијалоци, туку практичен израз на една благородна идеја, во која има врвен амбиент и услуга.

Сето ова, ја прави АВАНТУРА посакувано градско место кое е синионим за дружење, како и за позитивни авантури на нашите големи и мали посетители.

Седум поважни информации за „Авантура“


1. АВАНТУРА е единствена архитектонска целина, сместена на повеке од 250 м2 која е составена од 4 дела: игротека; кафетерија; тераса и останати делови;
2. Целиот простор е опремен со посебен професионален систем за ладење, за греење, за вентилација и за промена на воздухот;
3. Подот во делот каде што е игротеката е антибактериски и антистатичен во согласност со сите меѓународни стандарди;
4. Хигиената во целиот објект (игротеката; кафетеријата; терасата и останатите делови), како и хигиената на играчките редовно се одржува со специјални антибактериски препарати;
5. Располагаме со посебно издвоен дел кој се користи за пресоблекување и менување на пелени за дечињата;
6. Во кафетеријата има простор оптимално за 40 до 45 гости, додека на терасата, исто така, има простор оптимално за 40 до 45 гости. Освен тоа, и во игротеката има посебен дел за родителите што сакаат да бидат со своите деца.
7. Целиот простор на АВАНТУРА, пак, е внимателно професионално архитектонски дизајниран и изведен за да се овозмози подеднакво задоволство како за децата, така и за возрасните.